Достапни линкови

Придњестровскиот претседател не влезе во вториот круг на изборите


Долгогодишниот претседател на отцепениот молдавски регион Придњестровие Игор Смирнов.

Долгогодишниот претседател на отцепениот молдавски регион Придњестровие Игор Смирнов.

Долгогодишниот претседател на отцепениот молдавски регион Придњестровие Игор Смирнов не влезе во вториот круг на претседателските избори, покажуваат прелиминарните резултати од изборите што се одржаа во неделата.

Придњестровската државна новинска агенција Олвија објави дека Смирнов освоил само 25 отсто од гласовите и завршил трет. Најмногу гласови освоил Евгениј Шевчук – 38,53 отсто, а второпласираниот Анатолиј Камински освоил 26,48 отсто од гласовите.

Позицијата на Смирнов беше значително ослабната годинава, откако Русија јасно соопшти дека тој веќе не ја ужива поддршката на Москва. Сепак, изненадување е што најмногу гласови освои опозиционерот Шевчук, а не Камински, кој ја има поддршката од Москва.

Смирнов, кој се бори за шести мандат во претседателската фотелја, не ги признава резултатите.

Агенцијата Олвија објави дека Државната изборна комизија се уште може да ги прогласи изборите за неважечки поради изборни нерегуларности. Конечните резултати од првиот круг ќе бидат објавени в петок.

Во Придњестровие живеат околу 550 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG