Достапни линкови

Хамади Џебали ќе биде нов туниски премиер


Хамади Џебали.

Хамади Џебали.

Вториот човек на умерената исламистичка партија Енахда, што победи на октомвриските избори во Тунис, го доби мандатот за составување влада. Се очекува, 62-годишниот Хамади Џебали, кој мина 15 години во затвор за време на режимот на Зин ел Абедин Бен Али, да го претстави новиот кабинет во наредниве денови. Партијата Енахда освои 89 пратеници во 217-члениот парламент. Партијата Конгрес за републиката на новиот претседател Монцеф Марзуки освои 29 пратенички места.
XS
SM
MD
LG