Достапни линкови

Милановиќ го доби мандатот за составување нова влада во Хрватска


Хрватскиот мандатар Зоран Милановиќ.

Хрватскиот мандатар Зоран Милановиќ.

Хрвaтскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска му го додели мандатот за составување на нова влада на лидерот на опозициската коалиција Кукурику, Зоран Милановиќ. Тој има рок од 30 дена да ја претстави владата и програмата.

Државната изборна комисија синоќа ги соопшти конечните резултати од изборите.
Од вкупно 151 пратенички места, Кукурику коалицијата има 80 пратеници, ХДЗ 47, лабуристите и Хрватскиот демократски сабор на Славонија и Барања по шест, независната листа Иван Грубичиќ два и Хрватската селанска партија и Хрватската партија на правото - Анте Страчевиќ по еден мандат. Малцинствата имаат осум пратеници.
XS
SM
MD
LG