Достапни линкови

Желбата за власт ја окрупнува опозицијата


Тачи се смири со Руфи Османи.

Тачи се смири со Руфи Османи.

Различните политички агенди не се пречка партиите од опозицијата да формираат коалиција. Се за власт, коментираат експертите.

Меѓу експертите има две различни мислења за тоа дали може да се очекува некоја предизборна коалиција меѓу партиите од албанскиот и македонскиот блок по зближувањето на Мендух Тачи и Руфи Османи кои најавија заеднички настап на локалните избори. А засега и нема на повидок решенија како оваа соработка да се прошири со други политички субјектки од причини што меѓудругото низ кампањата се употребува вокабулар кој ги иритира симпатизерите на партиите на едните или другите.
Кај нас постои една спечифична, условно кажано агенда, особено кај албанските партии, која за голем дел од македонските партии не е прифатлива. Па во таа смисла не знам како тоа ќе биде решено како предизборен коалиционен договор. Меѓутоа повторно ќе кажам, кога се работи за интерес и за власт, буквално се е можно.

Тачи, кој се залага за нов договор меѓу Македонците и Албанците, и Османи, кој ја промовира идејата за бинационална држава, не кажаа дали окрупнување на опозицијата е нивниот следен чекор.

Иако кај дел од партиите има спротовни гледиштата и за уставното уредување на Македонија, Тања Каракамишева од Правниот Факултет во Скопје не смета дека е чудно да дојде до таква соработка и вели во политиката се е можно. Сепак, таа изразува забелешка дека кај нас е специфична работа како би се нашол заеднички содржател во таа коалиција.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи.


„Меѓутоа кај нас постои една спечифична, условно кажано агенда, особено кај албанските партии, која за голем дел од македонските партии не е прифатлива. Па во таа смисла не знам како тоа ќе биде решено како предизборен коалиционен договор. Меѓутоа повторно ќе кажам, кога се работи за интерес и за власт, буквално се е можно и најверојатно ќе се најдат некои заендички компромисни решенија со цел да се здружат ситите и да се победи актуелната власт.“
Кај политичките партии на Македонците дека треба да им се покаже црвената линија до кај се правата на Албанците, неретко се изнесува низ кампањите таква реторика. Или кај Албанците обратно дека ова што е Охридски договор не е доволна рамка за задоволување на очекувањата на Албанците. Имате варијанти таму на функционалан федерализиација.

По повеќе од 10 години, Османи и Тачи седнаа на заедничка маса. Од оваа дистанца, партијата на Османи кажа дека ќе има неутрален став и кон македонските партии независно од историјата што тој лично ја има, од неговото претходно искуство со гостиварските настани.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери, кој има искуство на пратеник, е скептичен дека има шанси за македонско-албанска предизборна коалиција од причини што, како што вели, има партии што имаат платформи кои се надвор од концептот што го имаат македонските политички партии и обратно.

„Кај политичките партии на Македонците дека треба да им се покаже црвената линија до кај се правата на Албанците, неретко се изнесува низ кампањите таква реторика. Или кај Албанците обратно дека ова што е Охридски договор не е доволна рамка за задоволување на очекувањата на Албанците. Имате варијанти таму на функционалан федерализиација.“

Неговото мислење е дека евентулната идеја да се оди на зеднички настап подразбира и приближување на ставовите во однос на тоа каква Македонија сакаме и доколку ја добие подршката таквата коалиција тогаш треба да кажат за каква програма ќе се залагаат.

„Уште е рано да се зборува. Главниот приоритет е оваа соработка да се консолидира, потоа ќе видиме како понатаму ќе работиме со другите политички партии“, изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи на прашање дали окрупнување на опозицијата е нивен следен чекор.

Еве што изјави Руфи Османи за РСЕ во април годинава.

РСЕ: И кога се навраќаме на гостиварските настани вие велите дека не му простувате на СДСМ, односно неговиот лидер, а ќе седнете сега на заедничка маса со ДПА која тогаш беше ваша матична партија. Од оваа дистанца сега, кој би ви бил партнер од македонскиот блок?

„Нашите ставови се дека ние ќе држиме неутрален став“, вели Руфи Османи.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG