Достапни линкови

Ни под „ФИРОМ“ во НАТО


Грчки националисти протестираат во Солун на 5 декември 2011 година, откако Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба со ветото во Букурешт во 2008 година.

Грчки националисти протестираат во Солун на 5 декември 2011 година, откако Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба со ветото во Букурешт во 2008 година.

Отежнувачка околност за Македонија е непишаното правило во Алијансата, земјата што е во криза да не се доведува дополнително во понижувачка состојба, вели поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин.

Ако се суди по сигналите коишто доаѓаат од Грција, а кои упатуваат на повлекување од привремената спогодба, тогаш можностите да успее македонската стратегија да се бара прием во НАТО под референцата ФИРОМ, не се зголемуваат туку се уште помали, анализираат дел од експертите во Македонија.
Сега дури имаат оправдување да речат чекајте не ФИРОМ, бидејќи сега веќе станува збор за тоа да видиме кој што подразбира под терминот Македонија и македонски.

Алтернатива на договорот е сила или притисок во меѓународните осноси, а проблемот на нашите евроинтеграции е се уште оставен на билатерален колосек којшто и натаму не остава во неизвесноста којашто ја создава принципот на консензус за членство, вели професорката Мирјана Малеска, па во тој контекст прогнозира и дека грчкотот расположение не оди во таа насока.
Македонската делегација на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога Грција стави вето земјава да биде примена во Алијансата под привремената референца.

Македонската делегација на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога Грција стави вето земјава да биде примена во Алијансата под привремената референца.


„Особено не сега, особено не после оваа манифестација на политика од наша страна која оди во насока на иритирање на соседот со споменици, антика... Сега дури имаат оправдуваење да речат чекајте не ФИРОМ, бидејќи сега веќе станува збор за тоа да видиме кој што подразбира под терминот Македонија и македонски.“

Во 2006 година, Грција беше подготвена да прифати прием на Македонија во НАТО, под привремената референца, но очигледно нешто се смени во политиката до 2008 кога на тоа веќе не беше подготвена, вели поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин.

„Нешто се случи меѓу 2006 и 2008 година, тоа беа нашите провокации кај јужниот сосед којшто доведоа до тоа тие да ја заострат својата политика кон ова прашање.“

Од друга страна во еднаш поставената можност за прием под референцата ФИРОМ, Ружин гледа извесна можност позициите да се поместат во интерес на Македонија пред самитот на НАТО во Чикаго. Тоа може да го направи, како што вели, само жестока дипломатска акција од наша страна за која стравува дека во моментов постои капацитет во дипломатската мрежа. Тој не гледа ниту активна и ефективна стратегија во таа насока и, како што вели, во моментов се уште се се одвива на рамниште на дебата, Свесен за принципот на солидарност којшто владее во меѓународната организација, како отежнувачка околност во моментов го смета непишаното правило во Алијансата, земјата што е во криза да не се доведува дополнително во понижувачка состојба.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG