Достапни линкови

Панета: САД пред победа во Авганистан


Американскиот министер за одбрана Леон Панета

Американскиот министер за одбрана Леон Панета

Американскиот министер за одбрана Леон Панета во денешното обраќање пред американските војници во воената база Шаран во Авганистан изјави дека Соединетите држави се на пат да победат во тешкиот конфликт во таа земја. ,,Конечно тука во Авганистан ќе можеме да воспоставиме земја способна да владее и да се штити самата,, рече Панета кој вчера пристигна во ненадејна посета на Авганистан. НАТО и Соединетите држави годинава го почнаа постепеното повлекување на војниците кое треба да заврши до крајот на 2011 година.
XS
SM
MD
LG