Достапни линкови

Полицијата најде мртва жена во домот на напаѓачот во Лиеж


Белгиската полиција се обидува да утврди што го мотивало човекот кој вчера отвори оган и фрли неколку гранати на пазарот во Лиеж при што убил најмалку четири луѓе. 33 годишниот Нордин Амрани по нападот во кој повредил и над 120 луѓе се самоубил. Полицијата соопшти дека дејствувал сам и оти нашла тело на мртва жена во неговиот стан. Премиерот Елио Ди Рупо изјави дека станува збор за изолиран случај. Исто така се исклучува можноста од организиран политички тероризам.
XS
SM
MD
LG