Достапни линкови

ММФ засега без нов кредит за Грција


Евангелос Венизелос

Меѓународниот монетарен фонд чија делегација престојува во Атина на преговори за економската политика на новата влада соопшти дека засега ја исклучува можноста за нова финансиска помош на Грција во форма на позајмици. Претходно, грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос најави дека целта на преговорите со делегацијата е најдоцна до јануари да се дојде до нов план за финасиска помош на Грција во износ од 89 милијарди евра. ,,Она што се бара од Грција таа може да го оствари со зголемување на даноците и со спроведување на програмата на строги мерки на штедење,, изјави шефот на Мисијата на ММФ во Грција Пол Томсон.
XS
SM
MD
LG