Достапни линкови

Хрватска: мандатот ќе му биде предаден на Милановиќ


Лидерите на Кукурику коалицијата

Лидерите на Кукурику коалицијата

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ најверојатно денеска на лидерот на Кукурику коалицијата, претседателот на Социјалдемократската партија Зоран Милановиќ, ќе му го довери мандатот за составување нова влада, откако синоќа беа соопштени конечните резултати од изборите. Државната изборна комисија соопшти дека на парламентарните избори одржани на 3 и 4 декември, опозициската Кукурику коалиција од вкупно 151 пратеничко место, освои 80, а ХДЗ 47.
Се поизвесно е и дека на 20-ти овој месец ќе биде одржана конститутивна седница на Саборот на која ќе бидат претставени и потврдени мандатите на владата на Милановиќ.
XS
SM
MD
LG