Достапни линкови

Осудени „местачи“ на фудбалски натпревари во Хрватска


Жупанискиот суд во Загреб ги прогласи за виновни и осуди 15 лица обвинети за местење на натпревари во Првата хрватска фудбалска лига. На затворски казни од шест до 10 месеци се осудени 13 лица од аферата „Офсајд“, двајца се осудени на условна казна, а на поголемиот број им е наложено во рок од 15 дена да ја вратат незаконски стекнатата заработка од 1,2 милиони куни (околу 160 илјади евра). Најстроги казни од по 10 месеци им се изречени на поранешниот помошник тренер на Кроација Сесвете, Горан Јерковиќ и на играчот на тој клуб Марио Чижмек.
XS
SM
MD
LG