Достапни линкови

logo-print

Во Кабул средба Панета-Карзаи


Леон Панета по пристигнувањето во Кабул

Леон Панета по пристигнувањето во Кабул

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска треба да се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Панета вчера допатува во Авганистан во ненајавена дводневна посета. Тој доаѓа во оваа земја во време кога Вашингтон почнува да ги повлекува борбените единици и да ја предава контролата врз безбедноста на авганистанските сили, кои целосно треба да ја преземат до крајот на 2014 година.
По пристигнувањето во Кабул, Панета изјави дека верува оти 2011-та година претставува пресвртна точка за Авганистан, каде што трупите станаа способни да го намалат нивото на насилство.
XS
SM
MD
LG