Достапни линкови

logo-print

Тридневeн штрајк на државните медиуми во Грција


Грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

Грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

Државните телевизии и радиостаници во Грција денеска нема да емитуваат вести и емисии во етерот во рамки на тридневниот штрајк против мерките за штедење што започна денеска.

Телевизиите емитуваат само научно-популарни и забавни програми, а радио станиците музика. Грчката информативна агенција АНА-МПА нема да емитува вести до шест часот наутро во петок. Штрајкува и персоналот на генералниот секретаријат за информации.

Во период од три седмици вработените во трите грчки национални канали од холдингот ЕРТ, радиостаниците и агенцијата АНА-МПА правеа неколкучасовни запирања на работата, но од денеска ги засилуваат протестите.

Тие бараат новинарите да бидат исклучени од владиниот план за префрлување на дел од нив во т.н. „работни резерви“, од каде по една-две години ќе бидат отпуштени.
XS
SM
MD
LG