Достапни линкови

ДПА и НДП договорија соработка


Лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Формирање на работна група што ќе работи на стратегијата за заеднички настап на Демократската партија на Албанците и Националната демократска преродба договорија партиските лидери Мендух Тачи и Руфи Османи на денешната средба во седиштето на ДПА во Тетово. Соработката ќе се реализира постапно почнувајќи на локален план, преку соработка на парламентарните групи за надминување на проблемите на Албанците.

Османи изјави дека нивна основна цел е деблокирање на интеграциските процеси во државата.

Лидерот на ДПА Тачи изјави дека соработкта се базира на два принципи - влошувањето на состојбата на Албанците во Македонија и застојот во интеграциските процеси на државата. Тачи не сакаше да прецизира дали станува збор за коалицирање во пресрет на локалните избори за општина Сарај.
XS
SM
MD
LG