Достапни линкови

Крвав ден во Белгија, четворица загинати


Вооружен напаѓач пукаше и фрлаше бомби на автобуска станица во центарот на Лиеж во источна Белгија.

Четворица луѓе загинаa, а повеќе од 75 се повредени, кога еден напаѓач почнал да пука и фрлал рачни бомби на автобуска станица во центарот на Лиеж во источна Белгија.

Јавната обвинителка Даниеле Рејндерс изјави дека имало само еден напаѓач и дека тој бил меѓу загинатите. Загинале и две момчиња на возраст од 15 и 17 години и една 75-годишна жена.

Се уште е нејасно дали напаѓачот се самоубил или бил застрелан од полицијата. Претходно, медиумите објавија дека имало најмалку двајца напаѓачи.

Белгиската новинска агенција Белга објави дека напаѓачот е 32-годишен маж. Напаѓачот, идентификуван како Нордин Амрани во 2008 година бил обвинет за нелегално поседување на огнено оружје како дел од криминална банда. Рејндерс соопшти дека напаѓачот денеска бил повикан на сослушување.

Се уште не се соопштуваат мотивите, но Рејндерс изјави дека не се работи за терористички напад.

Нападот се случил во близина на градскиот суд и преполниот божиќен пазар.

Кралот Алберт Втори и кралицата Паола, како и новоименуваниот премиер Елио Ди Рупо се упатиле кон местото на нападот. Министерот за домашни работи Жоел Милке ги прекина разговорите во ЕУ и отпатува во Лиеж.

Белгискиот министер за внатрешни работи Петер Мертенс во Брисел изјави дека на помош биле повикани и медицински тимови од соседна Холандија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG