Достапни линкови

Убиство на двојниот убиец во Куманово


Куманово.

Куманово.

Убиениот Горан Стојковски Линка одлежа шест ипол години затвор за двојно убиство, на поранешниот припадник на Лавовите Горан Георгиевски Мујо и на Ненад Вељковски-Чавка.

Убиството на 50-годишниот Горан Стојковски Линка од Куманово, непосредно пред влезот во зградата во станбено-деловниот и трговски локалитет Гарнизон во центарот на градот, за кумановци е одмазда. По овој настан, како и пред тоа кумановци не се чувствуваат безбедно. Угостителот Горан Линка пред шест ипол години беше осуден на осум години затвор поради двојно убиство, на поранешниот припадник на единициата за брза интервенција лавови Горан Георгиевски Мујо (35) и Ненад Вељковски-Чавка (22), а три лица беа полесно повредени, пред угостителскиот објект Линка.
За сега од непознат сторител неколку пати со огнено оружје било пукано во главата на Горан С.(50), кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. СВР Куманово има приведено повеќе лица и се работи на расчистување на случајот.

По издржана казна затвор од шест години сега убиениот бил пуштен на слобода, се претпоставува поради добро поведение.
За убиството, Валентина Николовска, портпарол во кумановската полиција вели дека се случило околу 23 часот во времето кога Линка се разделил со најмалиот од тројцата синови и заминал во станот во кој тој живеел.

„За сега од непознат сторител неколку пати со огнено оружје било пукано во главата на Горан С.(50), кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. СВР Куманово има приведено повеќе лица и се работи на расчистување на случајот“, изјави Николовска.

Полицијата го расветлува случајот

Полицијата го расветлува случајот

А кумановци запрашани за случајот велат:

„Се зборува дека заради поведението го пуштиле порано од затвор.“

„Сигурно одмазда. Не е добро во секој случај, не би требало така да биде.“
Мое мислење е дека е одмазда, а не знам од кого.

„Не ме интересира.“

„Мое мислење е дека е одмазда,а не знам од кого.“

„Не се чувствувам безбеден бидејќи во Куманово во последно време има многу насилни напади и воопшто не сме безбедни никој.“

„Треба луѓето да се разбираат, а не да се убиваат. Не се чувствувам безбедно.“

Линка беше осуден на осум години затворска казна откако предвид биле земени околностите на делумна пресметливост. Тој двојното убиство го извршил поради револт од честите расправии и вознемирувања на Георгиевски и неговата придружба, на синовите на Линка.

Вечерта кога било извршено двојното убиство сега убиениот Линка по телефон бил известен дека Георгиевски физички го нападнал неговиот најстар од тројцата синови, како и со закана дека ќе го убие ,а локалот ќе го запали. При тоа Линка испукал 12 куршуми при што смртно ги застрелал Георгиевски и Вељковски.Семејствата на убиените не беа задоволни од пресудата.

По враќање од затвор пред четири месеци Линка продолжил да работи во кафе барот и слободно да се движи во градот. Во кумановската полиција ниту тој, ниту некој од членовите на семејството не пријавиле никакви закани по неговиот или по животот на некој друг од Стојковски, велат во полицијата.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG