Достапни линкови

Српски воени заробеници побара забрана за филмот на Анџелина Џоли


Актерката Анџелина Џоли на Филмскиот фестивал во Сараево.

Актерката Анџелина Џоли на Филмскиот фестивал во Сараево.

Претседателот на Босанската српска асоцијација на воени заробеници од војната 1992 - 1995 година, Бранислав Ѓукиќ изјави дека филмот на холивудската актерка Анџелина Џоли „Во земјата на крв и мед“ треба да биде забранет во Република Српска.

Ѓукиќ денеска посочи дека и покрај тоа што го гледал само трејлерот за филмот, веќе може да каже дека лентата „покажува лаги“ и Србите ги опишува како единствените кои силувале жени за време на војната.

Филмот на Џоли претставува драма за српски војник, кој ја открива својата стара љубов во ликот на босанска муслиманка во кампот за секс робинки.

XS
SM
MD
LG