Достапни линкови

Расте бројот на повредени во нападите во Белгија


Mедицински тимови им помагаат на ранетите во Лиеж.

Mедицински тимови им помагаат на ранетите во Лиеж.

Најмалку двајца луѓе загинаa, а повеќе од 60 се повредени, кога најмалку двајца напаѓачи почнале да пукаат и фрлале рачни бомби на автобуска станица во центарот на Лиеж во источна Белгија.

Според полицијата, едниот од напаѓачитe е меѓу загинатите.

Нападот се случил во близина на градскиот суд и преполниот божиќен пазар.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку еден од напаѓачите е уапсен.

Белгискиот министер за внатрешни работи Петер Мертенс во Брисел изјави дека во нападот биле вклучени најмалку еден или двајца напаѓачи и дека најмалку еден човек е убиен. Тој рече дека на помош повикале и медицински тимови од соседна Холандија.
XS
SM
MD
LG