Достапни линкови

Георгиев - Лустраторите нечовечки си поигруваат со судбините на луѓето


Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

Комисијата за лустрација, односно одредени нејзини членови, нечовечки си играат со судбината на луѓето, изјави денеска потпретседателот на опозицискиот СДСМ, Гордан Георгиев. Тој рече дека СДСМ се повеќе ја смета таа институција за нерелевантна.

Деновиве медиумите објавија дека наредни за лустрација се двајца поранешни министри во владите на Црвенковски.

Во меѓувреме, непознати хулигани испишале погрдни графити на семејната куќа на првиот лустратор Томе Аџиев во Битола. На фасадата се испишани вулгарни зборови и цртежи.
XS
SM
MD
LG