Достапни линкови

Бомба експлодира во скопски Аеродром, еден повреден


Бомба екпслодира денеска попладне во скопската населба Аеродром во близина на спортската сала МЗТ. Од Министертвото за внатрешни работи информираат дека еден човек е повреден при експлозијата. Бомбата била подметната во корпа за отпадоци и при нејзиното активирање е поврден сопственикот на возилото кое било паркирано во близината велат од МВР.
Повредениот е префрлен во болница и е надвор од животна опасност. Екипите за антитероризам на МВР се на терен, а полицијата ги истражува причините за инцидентот.
XS
SM
MD
LG