Достапни линкови

logo-print

Иран донесе закон за слободна трговија со Сирија


Иранскиот парламент денеска донесе закон за слободна трговија со Сирија. Според дел од пратениците, тоа е „јасен знак до напријателите на сириската влада и е во согласност со борбата против Ционистите(Израел) во регионот“.

Трговската размена меѓу Сирија и Иран е околу 400 милиони долари годишно, но двете земји сакаат таа да се зголеми.

Сирија е погодена од санкциите од САД, ЕУ, Арапската лига и од Турција, која беше најголем трговски партнер на Дамаск.
XS
SM
MD
LG