Достапни линкови

Европа трага по обновливи извори, ниe по јаглен


Рудари, илустрација.

Рудари, илустрација.

Македонија треба да трага по нови обновливи извори на енергија и да ја намали емисијата на јаглеродни оксиди.

Европските директиви налагаат Македонија да ја намали емисијата на јаглеродни оксиди и да го зголеми производството на струја од обновливи извори. Ова беше посочено на конференцијата за Регионална енергетска безбедност во климатски промени што се одржа во Битола, местото каде се наоѓа најголемиот произведувач на струја во државата, РЕК.
Да се користат обновливи извори на енергија како што е сонцето, ветерот и водата. Инаку од јагленот кога ќе заврши тој не е обновлив извор на енергија.

Експертите констатираа дека во моментов, над 70 проценти од струјата Македонија ја добива со употреба на фосилни ресурси - јаглен, додека Европа се ориентира кон обновливи извори на енергија. Во следните 20 години, Македонија енергетската иднина ја гледа во лигнитот за што се отвораат нови рудници, а недоволно се користи сончевата енергија и геотермалните води.

Конференција за енергетика во Битола

Конференција за енергетика во Битола

„Имаме такви капацитети кои имаат проблем, гледаме сето тоа да го решиме со филтри, да се намали емисијата на издувни гасови и да поставиме нови капацитети кои нема да ја загадуваат околината. Да се користат обновливи извори на енергија како што е сонцето, ветерот и водата. Инаку од јагленот кога ќе заврши тој не е обновлив извор на енергија и престанува да постои како основа за производство на електрична енергија“, изјави Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика.

Досегашни научни истражувања покажале дека масовната употреба на фосилните горива влијае врз климатски промени кои потоа водат до поплави, суши, болести. Бидејќи РЕК, струјата ја произведува со лигнит, околните општини кои трпат загадување добиваат по 0,007 денари од секој произведен киловат час електрична енергија за реализација на еколошки проекти. Парите ги префрлуваат министерствата, но иако е крај на година, се уште не пристигнале.

„Општината конкурира со проекти од екологијата. Владата ги прифаќа преку Министерството за животна средина. Штом се одобрат, се реализираат. Секогаш на крај на годината штом надзорот потврди дека се е реализирано на крајот проектите се исплаќаат. Очекувам декември месец сите реализирани проекти да се исплатат со средства од ресорните министерства“, вели градоначалникот Владимир Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG