Достапни линкови

logo-print

Поддржувачите на Тимошенко се судрија со полицијата


Демонстрантите-поддржувачи на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е осудена на седум години затвор, денеска се судрија со полицијата, за време на сослушувањето по нејзината жалба на пресудата пред апелациониот суд во Киев. Стотици поддржувачи на Тимошенко се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во судот.

Поради судирите, бил блокиран и сообраќајот во центарот на Киев.

Тимошенко не беше присутна на сослушувањето. Нејзините адвокати бараат отфрлање на обвиненијата за злоупотреба на службена должност за кои беше осудена. Тие исто така бараат таа да биде ослободена од затвор поради нарушено здравје. Тимошенко, како што се јавува, не можела ни да оди.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска ја посети поранешната украинска премиерка во затвор. Тој соопшти дека ЕУ ќе продолжи внимателно да ја следи нејзината жалба и ќе инсистира да и се почитуваат сите права да се брани во фер процес.
XS
SM
MD
LG