Достапни линкови

Убиен кумановецот Горан С. осуден за двојно убиство


Куманово

Куманово

Кумановецот Горан С. е убиен синоќа во Куманово од засега непознати лица, соопшти СВР Куманово.
Со увид на лице место и по извршените проверки е констатирано дека со огнено оружје засега непознат сторител неколку пати пукал во главата на Горан С. од Куманово, кој починал на лице место, се вели во соопштението.
На местото на настанот подигнати биле чаури кои се доставени за понатамошна обработка и вештачење, а телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина во Скопје поради обдукција.
Полицијата привела десетина лица осомничени за нападот и работи на расчистување на случајот. Педесетгодишниот Горан С. бил осуден за двојно убиство и два обида за убиство, на осум години затвор. Убиствата ги извршил во 2006 година пред неговиот клуб „Линка“ во Куманово.
XS
SM
MD
LG