Достапни линкови

Тахири: Србија да ја прифати реалноста на Балканот


Шефицата на косовскиот преговарачки тим во дијалогот со Србија Едита Тахири изјави дека иако Белград прифатил Приштина да има право на глас во регионалните форуми, не е постигнат договор ,бидејќи Србија бара од Косово да биде претставено во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
- „Косово тоа го одбива, бидејќи е независна држава. Поголемиот дел од земјите во регионот го признаваат Косово, со што Белград мора да се помири“, изјави Тахири за весникот „Данас“.
Според неа преговорите во Брисел ќе продолжат кога Србија ќе ги спроведе сите постигнати договори, вклучително и договорот за слободна трговија и отстранувањето на барикадите.
XS
SM
MD
LG