Достапни линкови

„Окупирај го Вол Стрит“ се префрли од парковите на доковите


Оукланд

Оукланд

Анти-Вол Стрит активистите синоќа протестирале во неколку пристанишни градови на западниот брег во САД, предизвикувајќи и одредени прекини. Делумно била прекината работата на доковите во Оукланд, Портланд и во државата Вашингтон, но не е јасно колку прекините ќе влијаат на нивната работата. До синоќешните собири дојде откако активистите, дел од движењето Окупирај го Вол Стрит, беа избркани од нивните кампови во парковите во Њујорк и во уште некои други градови. Сега активистите бараат нов начин да го изразат своето незадоволство.
XS
SM
MD
LG