Достапни линкови

logo-print

Најмалку 15 деца загинаа во Кина при сообраќајна несреќа


Најмалку 15 деца загинаа а 8 се повредени при сообраќајна несреќа во Кина. Автобусот кој превезувал ученици излетал од патот во обид да избегне да се удри во автомобил, во источната провинција Јиангсу. Во Кина во изминатиов период се дебатира во јавноста за безбедноста на училишните автобуси. Минатиот месец 19 студенти загинаа при судар на нивниот автобус со камион во северозападната провинција Гансу.
XS
SM
MD
LG