Достапни линкови

Уапсен, па ослободен, прогонет белоруски политичар во Полска


Прогонетиот белоруски политичар и поранешен претседателски кандидат Алеш Михалевич.

Прогонетиот белоруски политичар и поранешен претседателски кандидат Алеш Михалевич.

Прогонетиот белоруски политичар и поранешен претседателски кандидат Алеш Михалевич денеска бил упасен на аеродромот во главниот град на Полска, Варшава.
По кратко задржување, тој бил ослободен, по личната интервенција на заменик-министерот за надворешни работи Кжиштов Становски.

Белоруските интернет поратали објавија дека тој веројатно е уапсен по потерница на Интерпол издадена од властите во Минск.

Полското Министерство за надворешни работи соопшти дека се работи за грешка на обвинителството. Апсењето е засрамувачко за полската влада, која е еден од најжестоките критичари на режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Алеш Михалевич, заедно со уште неколкумина опозициски претседателски кандидати, беше уапсен и обвинет за организирање на масовните немири по претседателските избори во 2010 година. По ослободувањето од притвор, тој рече дека бил мачен во притворниот центар на КГБ, но дека одбил соработка со нив. Потоа побегна во Чешка каде што доби политички азил.
XS
SM
MD
LG