Достапни линкови

Ставрески - 23 милиони евра од ЕИБ за кредитирање на стопанството


Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Во најкраток можен рок ќе се повлечат средства од кредитната линија од Европската инвестициска банка со цел да им се помогне на малите и средни претпријатија. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека очекува 23-те милиони евра да бидат во функција на поддршка на ликвидноста и инвестиционите планови на македонските компании.

Тој ова го изјави по седницата на Економскиот совет на која присуствувале претставници од сите стопански комори. Ставрески рече дека има согласност од банките и од претставниците на стопанските комори дека е остварливо до крајот на годинава да се повлечат 23 милиони евра, што ќе биде значајна инфузија за македонското стопанство.

Toj посочи дека на тој начин ќе се создадат и услови за повлекување на останатите 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за поддршка на малите и средни претпријатија.
XS
SM
MD
LG