Достапни линкови

Украинскиот министер за правда се вози во украден Мерцедес?


Украинскиот министер за правда, Олександр Лавринович.

Украинскиот министер за правда, Олександр Лавринович.

Украинското Министерство за правда соопшти дека ги истражува тврдењата на пратеник од владејачкото мнозинство дека министерот за правда вози службен Мерцедес што бил украден во Германија и прошверцуван во Украина.

Пратеникот Валериј Коноваљук тврди дека министерот Олександр Лавринович користи автомобил што бил одземен од државата со судска одлука. Тој тврди дека на министерот му се допаѓал автомобилот, кој се уште се води како украден во Интерпол.

Украинската канцеларија на Интерпол засега се воздржува од коментар.
XS
SM
MD
LG