Достапни линкови

Штрајк на српската полиција


Архивска фотографија: Протест на српската полиција во октомври во Белград.

Архивска фотографија: Протест на српската полиција во октомври во Белград.

Дел од српската полиција денеска штрајкува, третпат годинава, со барање за повиски плати и подобри услови за работа. Нејасно е колкав дел од полицијата се приклучил на штрајкот. Оваа постапка предизвика редици на границите и на шалтерите за издавање документи, каде што полицајците се на работа, но намерно си ги извршуваат должностите побавно.

Полицискиот синдикат одлучи да штрајкува откако пропаднаа преговорите со владата за зголемување на платите, за исплата на заостанатите долгови и за прекршување на колективниот договор. Полицијата штрајкуваше и јуни и во октомври.
XS
SM
MD
LG