Достапни линкови

logo-print

Светски познатата гитаристка Рафаела Смитс во Скопје


Гитаристка Рафаела Смитс.

Гитаристка Рафаела Смитс.

Со концерт на светски познатата гитаристка Рафаела Смитс што ќе се одржи утревечер во Кинотеката на Македонија се одбележува 20-годишнината од дипломатските односи помеѓу Кралството Белгија и Република Македонија.

Невообичаено музикална гитаристка, една од најпрочуените изведувачки на класична гитара во светот, инструменталистка позната по својот уникатен стил на изведба на осумжичаната гитара, инаку реплика на онаа на Штауфер од 1830 година и направена од германскиот мајстор Бернхард Кресе, уметница што со своите перформанси ги воодушевила големите Сеговија и Јепес...се само некои од кваликативите што стојат зад името на Белгијката Рафаела Смитс. Рафаела Смитс

Рафаела Смитс



И, кога веќе ова е познато тогаш е сосема разбирливо што со нагласена возбуда треба да го очекуваме нејзиниот настап во Скопје на кој таа пред македонската публика ќе изведе дела од композиторите Фернандо Сор, Наполеон Косте и Јохан Каспар Мерц. Концертот е во организација на амбасадата на Белгија и aмбасадорот на Белгија Н.Е. г. Марк Микелсен и г-ѓа Мари Шантал Бијела во соработка со Кинотека на Македонија и со него се одбележува 20-годишнината од дипломатските односи помеѓу двете земји.
Подготвив романтична програма што ќе ја изведам на мојата осумжичена гитара инаку реплика на онаа на Штауфер од 1830 година. Во првиот дел ќе свирам дела од Фернандо Сор и Наполеон Косте, а во вториот неколку композиции од Мерц. Се работи за многу убав и мелодичен одбир и се надевам дека публиката ќе ужива во нашата средба.

„Подготвив романтична програма што ќе ја изведам на мојата осумжичена гитара инаку реплика на онаа на Штауфер од 1830 година. Во првиот дел ќе свирам дела од Фернандо Сор и Наполеон Косте, а во вториот неколку композиции од Мерц. Се работи за многу убав и мелодичен одбир и се надевам дека публиката ќе ужива во нашата средба“, вели гитаристката.

Родена на 1 февруари 1957 година во семејство на уметници, Рафаела Смитс своето образование го стекнала на Кралскиот конзерваториум во Антверпен и во Брисел каде што студирала класична музика. Како гитаристка се усовршувала покрај менторот Хозе Томас на Катедрата Андрес Сеговија во Шпанија каде што ќе ги има своите први изведби и рецитали и станува силен афирматор на осумжичаната гитара.

Нејзините перформанси нема да останат незабележани па така Рафаела Смитс ќе победи на реномираните натпревари по класична гитара во Гранада и Палма де Мајорка, а во 1986 година со освојувањето на наградата на 20 интернационален натпревар за гитара Франциско Тарега во Беникасим , Шпанија ќе стане првата жена добитник на ова престижно признание.

По ваквите извонредни успеси, еминентните светски стручњаци и професори Андрес Сеговија и Нарцисо Јепес, изразувајќи го своето воодушевување, ќе ја посочат токму нејзината блескава иднина како инструменталист во подем во светски рамки.

Од тогаш до денес, оваа невообичаено музикална гитаристка како што ја нарекува престижниот Њујорк тајмс , има објавено пет соло албуми и уште 12 други изданија во различни формации за дискографската куќа Акцент рекордс.

Рафаела Смитс е позната и како инспиративен учител за гитара и камерна музика на нејзината катедра на институтот Леменс во Белгија, но исто така води и мастер студии во Европа, Северна и Јужна Америка и во Јапонија. Згора на тоа таа честопати е член на оценувачките комисии на интернационалните музички натпревари на кои учествува на покана на организаторите. Тие редовно ја ангажираат поради нејзините способности за слушање и давање прецизна и точна оценка за изведбите на натпреварувачите.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG