Достапни линкови

ЕУ ќе го отвори прашањето за изборите со Медведев


Рускиот претседател Дмитри Медведев.

Рускиот претседател Дмитри Медведев.

Официјални претставници на ЕУ планираат да го отворат прашањето за неодамнешните парламентарни избори во Русија на разговорите со рускиот претседател Дмитри Медведев што треба да се одржат неделава. Руската опозиција тврди дека изборите биле лажирани. Маја Коцијанчиќ, портпаролката на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, изјави дека ЕУ ја поздрави најавата на Медведев за отворање истрага за пријавените изборни нерегуларности.
XS
SM
MD
LG