Достапни линкови

Уапсен расчинетиот владика Јован Вранишковски


Расчинетиот владика Јован Вранишковски.

Расчинетиот владика Јован Вранишковски.

Расчинетиот владика Јован Вранишковски е упасен денеска на граничниот премин Меџитлија во обид од Грција да влезе во Македонија. Според информациите што ги соопштија од неговата ПОА, веднаш по апсењето, тој бил пренесен во затворот „Идризово“ во Скопје.

Апсењето го потврдија и од МВР.

Од ПОА информираат дека Вранишковски, кој беше осуден на две ипол години затвор во отсуство, сега ќе бара повторување на процесот против него и ќе побара да се брани од слобода.

„Во 2010 година, Вранишковски беше уапсен на бугарската граница по потерница на Интерпол од Република Македонија, токму заради издржување на оваа затворска казна, но Судот во Република Бугарија го ослободи со образложение дека судската пресуда од Република Македонија е резултат на гонењето кое Архиепископот веќе девет години го поднесува врз религиозна основа, а не затоа што вистински бил виновен според кривичниот законик“, наведуваат од ПОА во известувањето за апсењето на Вранишковски.
XS
SM
MD
LG