Достапни линкови

Вилпен ќе се кандидира за претседател на Франција


Поранешниот француски премиер Доминик де Вилпен.

Поранешниот француски премиер Доминик де Вилпен.

Поранешниот француски премиер Доминик де Вилпен најави дека ќе се кандидира на претседателските избори догодина. Вилпен е голем ривал на претседателот Николас Саркози, кој се уште не објавил, но се очекува повторно да се кандидира за претседател со поддршка на неговата конзервативна Унија за народно движење. Аналитичарите велат дека 58-годишниот Вилпен веројатно нема да освои многу гласови, но може да му земе дел од конзервативното гласачко тело на Саркози.

Минатата недела апелациониот суд го ослободи од обвиненијата дека го клеветел Саркози во предизборната кампања во 2007 година.

Во меѓународната јавност, Вилпен е најпознат како шеф на дипломатијата во 2003 година, во време на претседателот беше Жак Ширак, кога Франција се спротивстави на војната во Ирак.

Првиот круг на претседателските избори во Франција треба да се одржи во април, а евентуралниот втор круг е предвиден за мај.
XS
SM
MD
LG