Достапни линкови

Косовскиот премиер ја поддржува Резолуцијата 1244 за Косово на ОН


Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска изјави дека Приштина ја поддржува Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, бидејќи таа го потврдува територијалниот интегритет на Косово и е во согласност со европските стандарди.

Тачи одби да прецизира дали за Косово е прифатлива и формулацијата во Резолуција 1244 за именувањето на претставниците на Приштина за време на регионалните форуми, туку само нагласи дека е прифатливо секое решение кое го почитува косовскиот суверенитет.

Тој истакна дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи.
XS
SM
MD
LG