Достапни линкови

Не очекува тешка година


Сиромаштија и луксуз, запрежна кола на улиците на Скопје

Повисоки сметки, високи цени, а платите исти. Граѓаните и експерите очекуваат тешка година.

Од Нова година сметките за струја ќе бидат повисоки, а тоа ќе доведе до поскапување на основните животни продукти. Луѓето повеќе не може да се растргнат и да ги подмират трошоците и поскапувањата, а тие не се минорни. Граѓаните имаат се помалку пари, животот станува поскап, а платите одамна не ја следат цената на животните трошоци.
Држам продавница, така да ги знам цените дека растат. По пет денари, по десет денари, неосетно се расте. За едно 30 проценти е паднат прометот, платите се на едно исто ново, цените се качени а народот нема пари.

„Држам продавница, така да ги знам цените дека растат. По пет денари, по десет денари, неосетно се расте. За едно 30 проценти е паднат прометот, платите се на едно исто ново, цените се качени а народот нема пари.“

Коментирајќи ја ситуацијата, Борче Треневски, асистент на Економскиот факултет во Скопје, вели дека наредната година би можело финансиски да биде потешка за граѓаните. Цената на потрошувачката корпа е значително повисока од просечната плата а од наредниот месец се очекуваат нови поскапувања.

„Споредено, храната и безалкохолните пијалоци во 2011 со ноември 2010, се зголемилe за дури 5,1 процент, значи просекот на инфлација губи 3,5 проценти, а на храната и на безалкохолните пијалоци во овој период дури 5,1 процент имаме пораст. Ова се значи најголемите порасти за оние продукти кои најмногу се застапени во нашата потрошувачка.“
Не значи дека народни кујни има само во Македoнија туку дефинитивно има насекаде, особено вo земјите на транзицијата во југоисточна Европа.

Луѓето бараат владата да направи конкретни чекори да ја унапреди социјално економската ситуација. Има семејства кои живеат со плата од 200-300 евра месечно. Загрижено зборуваат за најaвеното поскапување на струјата, зошто платата нема да биде доволна.

„Јас сум сам вработен, сопругата не ми работи, имам две деца на факултет. Ќе гледаме некако да штедиме. Сметката за струја ми е некаде 2.800, па према тоа не стасува.“

Во однос на справување со сиромаштијата, Министерството за труд и социјална политика има отворено 30-тина народни кујни, а овие активности наидуваат на критики од опозицијата. Оттаму велат дека отворањето на народни кујни значи признание дека има сиромаштија и препорачуваат конкретни чекори за справување со нискиот стандард.

Според зборовите на Душко Миновски од Министерството за труд и социјална политика и во овој случај се покажало дека владата не ги изневерила граѓаните.

„Генeралниот контекст треба да се препознае. Дали некој е сензибилизиран за проблемите на своите граѓани. Не значи дека народни кујни има само во Македонија туку дефинитивно има насекаде, особено во земјите на транзиција во југоисточна Европа и така натаму.“

Социјалните семејства добиваат по 600 денари месечно за енергија, по 1.000 денари доколку имаат деца кои одат на училиште, а оние кои имаат зголемени трошоци можат да добијат еднократна парична помош во зависност од случајот.
Бројот на семејства кои користат постојана социјална помош во просек изнесува околу 65.000.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG