Достапни линкови

Ваши коментари - Не е лесно да „се осмелиш“


„Осмели се“- да започнеш бизнис и интервјуто со првиот антикорупционер Воислав Зафировски, најкоментирани прилози неделава.

Најновата владина кампања за почнување нов бизнис како инспирација за нашето ново прашање во Хајд паркот: Дали би се осмелиле да почнете нов бизнис? Дали тоа е лесно и дали би се осмелиле да земете кредит за нов бизнис? Од вашите коментари, се чини, тоа сепак не е толку лесно да се стори.
Претходно платив казна од 700 евра, а имаше и присилна наплата на радиодифузна такса, па ми ја блокираа жиро-сметката. Па ајде, народе осмели се!
Коментар од читател.

Мила од Скопје, на пример, пишува дека во секој момент чека да и дојдат извршители и во фирмата да почнат да конфискуваат се' што има. Таа немала пари да плати фирмарина за Град Скопје во износ од скоро 20 илјади денари, претходно платив, вели, казна од 700 евра, а имаше и присилна наплата на радиодифузна такса, па ми ја блокираа жиро-сметката.

„Па ајде, народе осмели се!“, извикува на крајот во пораката Мила.​
Воислав Зафировски- критиките од опозицијата се ,,женски муабети,,
Воислав Зафировски- критиките од опозицијата се ,,женски муабети,,

Горан од Битола пишува дека е разбирливо што нема да се отвораат нови фирми, затоа што и постојните мака мачеле, а слушател потпишан со Смел од Радовиш пишува:

„Јас се осмелив да отворам фирма и само по три дена ми дојдоа инспектори и ми најдоа триста мани. Сега не знам каде ќе ми биде крајот, казните се петпати поголеми од мојот почетен влог, те уништуваат инспекторки и инспектори кои не знаат што значи да работиш приватен бизнис“, разочарано пишува Смелиот од Радовиш.
Поарно да се укине таа Комисија зашто само трошат пари, и не откриле ниту една афера, па излегува дека сме држава без афери.
Коментар од читател.

Втората најкоментирана тема е интервјуто со претседателот на Антикорупциска, Воислав Зафировски, кој вели дека критиките од опозицијата се „женски муабети“ и дека Антикорупциска не била приклучена кон никоја политичка страна и дека работела согласно законот. Пораките и коментарите од Вас, почитувани, меѓутоа говорат друго: Злади се прашува дали човекот мисли дека тоа што го зборува, некој му верува?

„Поарно да се укине таа Комисија зашто само трошат пари, и не откриле ниту една афера, па излегува дека сме држава без афери“, пишува тој.

За поранешната претседателка Мирјана Димовска, Злади смета дека и таа била иста како тие што всушност треба да ги гони.

Анонимен од Брисел го предупредува Зафировски да внимава да не погреши затоа што Грујо, како што пишува, веднаш ќе те смени, иако си од неговиот комплет, а друг слушател и тој потпишан со Анонимен пишува:

„Зборуваш за антикорупција, а самиот си корумпиран.“

Дали би се осмелиле да почнете бизнис? Погледнете ја анкетата и оставете го вашиот коментар.

Дали би се осмелиле да почнете бизнис?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG