Достапни линкови

Филмот на Анџелина Џоли за животна приказна од војната во Босна, по првичните контроверзи, наидува на пофалби и почитување.

Режисерското деби на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли долго време предизвикуваше контроверзи во Босна и Херцеговина. Филмот раскажува приказна за етнички мешана двојка која е растргната од граѓанската војна во таа земја. Во почетокот, организациите на жртвите имаа отпор спрема филмот, но минатата недела Џоли им го претстави во Сараево. Го примија со благодорност и почитување.
Филмот како филм е силен за оние кои ја преживеаа војната.

Хатиџе Мехмедовиќ која ги има загубено сопругот и двајцата синови во масакрот во Сребреница во 1995 година и која сега е претседател на организацијата Мајките од Сребреница вели дека „Во земјата на крв и мед“ е многу значаен филм:
Хатиџе Мехмедовиќ

Хатиџе Мехмедовиќ


„Филмот како филм е силен за оние кои ја преживеаа војната, за сите жртви и за секој кој преживеа да сведочи за војната и агресијата. Мислам дека сите во Босна и Херцеговина, но и во регионот и светот би требало да го видат.“

Ова е одговорот што сакаше да го слушне Анџелина Џоли. Во интервју за Гласот на Америка таа вели дека многу и пречи тоа што нема доволно помош за жртвите од војната, особено за жените, што го гледала за време на нејзините патувања во светот како амбасадор на добра волја на Обединетите нации.
Колку што повеќе учев и читав за тоа, станував се погневна за немањето интервенција и за насилството врз жените.

„Тоа беше мој длабок гнев и разочарување и тага за сите такви ситуации, Но, во Босна особено, колку што повеќе учев и читав за тоа, станував се погневна за немањето интервенција и за насилството врз жените.“
Од снимањето на филмот

Од снимањето на филмот


Снимањето на филмот не одеше лесно. Кон крајот на минатата година босанската влада и ја одзеде на Џоли дозволата за снимање како одговор на забелешките на организациите на жртвите. Тие слушнале дека филмот бил за жена жртва на силување која се заљубила во нејзиниот силувач. Еден од оние што беше против филмот е и Мурат Тахировиќ, преживеан од логорот Омарска.

„Филмот е многу добар, исклучително добар. Ја погоди суштината на војната во Босна и Херцеговина. Ги прикажа сите главни поенти кои се случуваа тука: логори, тортура, злосторства и најлошто од се насилство врз достоинството на жените.“

Во филмот всушност станува збор за босанска муслиманка и Србин кои се заљубиле пред војната и кои се сретнуваат за време на конфликтот кога тој е офицер на српската армија, а таа затвореничка.

„Колку повеќе учев, толку помалку сфаќав како соседи можат да бидат против соседи и како луѓе со таква интелигенција, прекрасни и семејно ориентирани можат да бидат брутални“, вели Анџелина Џоли.

Таа изразува надеж дека нејзиниот филм ќе придонесе Босна, но и целиот Балкан да се справи со минатото и да изгради подобра иднина.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG