Достапни линкови

Нов напад врз конвој камиони на НАТО во Пакистан


Во југо-западен Пакистан повторно бил нападнат конвој камиони за снабдување на НАТО, при што бил убиени еден возач, соопшти локалната полиција. Нападот го извршиле осумина напаѓачи на моторцикли кога конвојот се враќал од авганистанската граница кон Карачи. Пакистан ја затвори границата за конвоите на НАТО по инцидентот од 26-ти ноември кога загинаа 24-ца пакистански војници, па сега камионите кои се паркирани, се лесна цел на милитантите.
XS
SM
MD
LG