Достапни линкови

logo-print

Ирачкиот премиер во посета на САД


Ирачкиот премир Нури ал Малики од денеска е во дводневна посета на Вашингтон. Посетата се случува додека последните американски трупи се подготвуваат да го напуштат Ирак. Малики предводи голема делегација во која се и министерот за надворешни работи, министерот за одбрана како и министрите за економија и транспорт и врски. Предвидено е Малики да се сретне со американскиот претседател Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG