Достапни линкови

Тадиќ - Откажувањето од Косово е наивно, а од ЕУ е опасно


Српскиот претседател Борис Тадиќ.

Српскиот претседател Борис Тадиќ.

Политиката на српската владата „И ЕУ и Косово“ не е ригидна, а секое отстапување од кој било нејзин пол би било наивно или опасно, изјави денеска српскиот претседател Борис Тадиќ.

„Наивна е онаа политика која предлага откажување од легитимните интереси на државата (на Косово), а опасна е онаа која прашањето за Косово го става пред животите на обичните луѓе“, нагласи Тадиќ.

Според него, Србија има предлог за решавање на косовскиот проблем, кој се базира на прифаќање на двете косовски реалности - и српската и албанската.

„Ние знаеме да направиме баланс, но без поддршка од другите земји не можеме да го решиме овој проблем“, истакна Тадиќ.

Тој додава дека Србија сака да најде решение преку дијалог со „Вашингтон, Москва, Брисел и Пекинг, но и со албанските соговорници“.

Во меѓу време, Српската напредна партија, која според анкетите е најпопуларна партија во Србија, денеска побара оставка на Владата и распишување предвремени парламентрани избори.
XS
SM
MD
LG