Достапни линкови

Медведев не ги прифаќа барањата за повторување на изборите


Протести против изборните резултати во Москва на 10 декември 2011 година.

Протести против изборните резултати во Москва на 10 декември 2011 година.

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека не се согласува со барањата за повторување на парламентарните избори. Неговата партија, Единствена Русија победи на изборите, но освои многу помалку гласови отколку на претходните избори во 2007 година.

Десетици илјади луѓе вчера протестираа во Москва барајќи нови парламентарни избори и ослободување на уапсените демонстранти.

На својот Фејсбук профил, Медведев напиша дека не се согласува со барањата на демонстрантите и повтори дека дал инструкции да се проверат сите извештаи за можни прекршувања на изборниот процес.
XS
SM
MD
LG