Достапни линкови

Нориега екстрадиран во Панама


Поранешниот панамски диктатор Мануел Нориега - пред и по соборувањето од власт, во 1989 и во 1990 година.

Поранешниот панамски диктатор Мануел Нориега - пред и по соборувањето од власт, во 1989 и во 1990 година.

Поранешниот панамски диктатор Мануел Нориега се враќа во татковината да се соочи со обвиненија за убиство, откако беше екстрадиран од Франција каде што издржуваше затвор за перење пари.

Нориега беше екстрадиран во Франција во 2010 година од САД каде што отслужи 17 години затвор за трговија со дрога.

Министерството за надворешни работи на Панама информира дека француските доктори утврдиле дека 77-годишниот Нориега е способен да патува во централноамериканската држава и да се соочи со обвинувањата.

Ова е прво враќање на Мануел Нориега во Панама, откако беше соборен од власт по американската инвазија во 1989 година.
XS
SM
MD
LG