Достапни линкови

Санадер ќе биде пуштен со кауција од 1,6 милиони евра


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер пред судот во Загреб.

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер пред судот во Загреб.

Жупанискиот суд во Загреб донесе одлука на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер да му дозволи да се брани од слобода, доколку плати кауција од 12,4 милиони куни(околу 1,6 милиони евра).

Портпаролот на Судот соопшти дека Санадер ќе може да го напушти затворот „Реметинец“, каде што се наоѓа во притвор, најрано во текот на утрешниот ден.

Против Санадер, кој беше хрватски премиер од 2004 до 2009 година, се води судски процес по две обвиненија за корупција - за земање провизија од 483.000 евра од австриската „Хипо Банка“ за подигање кредит од страна на државата и за примање 10 милиони евра мито од унгарската петрохемиска групација МОЛ за преземање на контролниот пакет акции во хрватската нафтена компанија ИНА.
XS
SM
MD
LG