Достапни линкови

Националистички протести во Москва


Од вчерашните анти-владини протести во Москва.

Од вчерашните анти-владини протести во Москва.

Околу 300 руски националисти денеска протестираат во центарот на Москва на истото место каде што вчера се одржаа големите анти-владини протести. Демонстрантите носат знамиња од времето на царска Русија и бараат поголеми одлучувачки права за етничките Руси во носењето на државните политики.

Националистичкиот протест доаѓа еден ден откако десетици илјади луѓе протестираа во Москва против резултатите од параламентарните избори одржани на 4 декември, за кои тврдат дека биле лажирани во корист на владејачката партија Единствена Русија.

Партијата на премиерот Владимир Путин победи на изборите, но освои значително помалку гласови отколку на претходните избори во 2007 година.

Големите протести ја принудија власта да признае дека јавноста не е задоволна од изборите. Секретарот за односи со јавност на Путин, Дмитри Песков, во соопштение до јавноста, вели дека руските граѓани имаат право да си го изразат мислењето, се додека тоа го прават „на законски и мирен начичн“.
XS
SM
MD
LG