Достапни линкови

Бизнис идеи има, пари нема


Широк Сокак во центарот на Битола.
Широк Сокак во центарот на Битола.

Претприемачите од Битола велат дека бизнис идеи постојат, но недостигаат финансиски средства за нивна реализација.

Козметички и фитнес салони, фризерници, продавници за храна, кафулиња се најчестите бизниси кои се отвораат во Битола. Иако годишно со работа отпочнуваат околу 300 фирми, тие претежно се мали бизниси. Освен фабриката за производство на масло, битолчани не паметат со години да е отворен друг нов фабрички капацитет.

Јас не сум задоволен, немаме потик, немаме финансиска сила, банките се стабилни, но се лимитирани во делот на развојот, така да ние сме стопирани да одиме нагоре со бизнисот.После 30 години една нова фабрика се направи, замислете да има вака повеќе фабрики каде младиот свет кој седи на Корзо до два часот навечер ќе биде ангажиран, ќе биде позадоволен отколку да пие
Благој Стојчев, бизнисмен.
.
Претприемачите од градот велат дека бизнис идеи постојат, но недостигаат финансиски средства за нивна реализација. Финансиската моќ кај граѓанството е видно опадната, а банките имаат неповолни услови за кредитирање и високи банкарски камати.

„Јас не сум задоволен, немаме потик, немаме финансиска сила, банките се стабилни, но се лимитирани во делот на развојот, така да ние сме стопирани да одиме нагоре со бизнисот. После 30 години една нова фабрика се направи, замислете да има вака повеќе фабрики каде младиот свет кој седи на Корзо до два часот навечер ќе биде ангажиран, ќе биде позадоволен отколку да пие“, вели бизнисменот Благој Стојчев.

За да се отпочне помал бизнис потребни се минимум 5.000 евра, а за некои пооригинални замисли како на пример, зооградина за рептили и до 50.000 евра.

Што велат граѓаните за отворањето мал бизнис:


Дали би се осмелиле да почнете бизнис?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00

„Инвентарот околу 10.000 евра, набавката на рептили околу 20.000 евра, опрема, греачи, термостати 10.000 евра, декорации, вентилација и местото да биде под наем. Вкупна минимална инвестиција 50 илјади евра, без објектот. Вложените средства би се вратиле за пет години“, вели претприемачот Александар Горгиевски.

Помош за претприемачите во последно време нудат бизнис инкубаторите каде бизнисмените можат да добијат простории, консулатции и совети.

„Во опкружувањето нема доволно разбирање, нема доволна спремност за поддршка на нивните идеи. Претприемачите имаат идеи, немаат ресурси. Ние обезбедуваме просторно-технички, консултантски и административно-технички поддршки во академско-претприемнички инкубатор. Во него студенти и други заинтересирани можат да ги пребродат породилните маки на претприемничките бизниси. Тоа се првите две до три години, кога главно се вложува, а нема доволно приходи, се додека не застанат на свои нозе“, вели Цветко Смилевски, експерт по менаџмент.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG