Достапни линкови

Дебарските еколози уплашени од енергетските проекти


Центарот на Дебар.

Центарот на Дебар.

Невладиниот сектор во Дебар бара подетални информации од инвестиротот, дали хидроценатрала Бошков Мост и браната Луково Поле ќе влијаат врз животна средина во поширокиот регион на Дебар.

Граѓанските организации сметаат дека локалното население има многу малку информации за последиците кои би ги предизвикале двата проекта на ЕЛЕМ во регионот. Исто така тие потенцираат дека еколошките организации мора да имаат и податоци за еколошката експертиза за проектите Бошков Мост и Луково Поле.
На средбите во дебатата на јавната расправа за ХЕЦ Бошков Мост ние реагиравме. Но исто така остро реагираме и на проектот Луково Поле бидејќи за овој вториот проект немаше никаква дебата и покрај тоа што тој проект има големо влијание и кај нас.

„Ние реагиравме и во јавната расправа, но сепак се зависи од тие кои ќе го изготват извештајот за влијанието врз животната средина, а тоа е Министерството за животна средина на Република Македонија, кое дава крајна оценка. На средбите во дебатата на јавната расправа за ХЕЦ Бошков Мост ние реагиравме. Но исто така остро реагираме и на проектот Луково Поле бидејќи за овој вториот проект немаше никаква дебата и покрај тоа што тој проект има големо влијание и кај нас“, истакнува претседателот на граѓанската организација на еколозите Дешат со седиште во Дебар, Газменд Цами.

Река Радика

Река Радика

И додека за проектот Бошков мост е одржана јавна расправа, за проектот Луково Поле нема никакви информации и покрај тоа што одземањето на дел на водите кои се влеваат во Радика, директно влијае и врз големото значење на оваа река која ја има за Дебар, вели кординаторот на Центарот за одржлив развој во Дебар, Шуип Марку.

„Центарот е дел од мрежата Заедно за екологијата и во нашите барања за заштита на животната средина ќе не поддржат сите членови на мрежата од цела Македонија. Но, треба да се каже дека најбитно е тоа што имаме поддршка од граѓаните и ќе организираме отпор ако не се објасни точно која е експертизата, и да се објасни дека проектите нема негативно да влијаат и врз водите на реката Радика. Тие води треба повторно да се влеваат во Радика, а не во други реки“, вели Марку.

Граѓанските организации најавуваат нови собири на кои покрај граѓаните би биле повикани и преставници на Министрството за животна средина и локалните власти и притоа ќе се бараат повторно детални објаснувања од експерти за експертизата дали проектите ќе имаат негативно влијание врз животната средина во општината.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG