Достапни линкови

Кина најави дека ќе го зголеми увозот


Кинескиот претседател Ху Џинтао се заложи за зголемување на увозот во неговата земја. Зборувајќи на церемонијата на 10-годишнината од влезот на Кина во Светската трговска организација, тој рече дека Кина се обидува да го намали трговскиот дисбаланс со земјите што имаат огромен трговски дефицит со најнаселената држава во светот. Ху Џинтао процени дека вкупниот увоз во Кина ќе надмине осум билиони долари(8.000 милијадри долари) во наредните 5 години, што претставува огромна бизнис-можност за сите земји во светот.

Официјалните податоци покажуваат дека во ноември бил значително намален и извозот од Кина. Според аналитичарите, тоа се должи на превирањата на клучните пазари во Европа и во Америка.
XS
SM
MD
LG