Достапни линкови

Меѓукорејски конфликт за новогодишно украсување


Севернокорејски граничари.

Севернокорејски граничари.

Северна Кореја ја предупреди Јужна Кореја на „неочекувани последици“, ако Сеул постави новогодишно осветлување во близина на границата што ги дели двете земји. Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека разгледува план за божиќно украсување на челичната кула во облик на дрво, во близина на границата.

Овој обичај беше прекинат во 2004 година, откако двете Кореи постигнаа договор за запирање на прекуграничната пропаганда. Сепак, минатиот декември, Сеул повторно почна да ја осветлува кулата, откако се зголемија тензиите меѓу двете земји.

Северна Кореја оцени дека планот „значи обид за психолошка војна“ и најави дека ќе се одмазди ако се вклучат светлата.
XS
SM
MD
LG