Достапни линкови

Во Доха 4-ти форум на Алијансата на цивилизациите


Доха.

Доха.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на покана на Емирот на Катар Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, ќе учествува на четвриот форум на Алијансата на цивилизациите што денеска и утре се одржува во катарската престолнина Доха.
Иванов ќе има обраќање на форумот, на панел дискусијата „Како културните разлики влијаат врз развојот“.

На форумот ќе учествуваат шефови на држави, министри за надворешни работи, невладини организации, претставници на цивилното општество, младински организации, фондации, медиуми, научни работници и претставници на корпоративниот сектор.

Меѓу гостите се очекува да бидат генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, претседателите на Германија, Австрија, Словенија, Романија и Албанија.
XS
SM
MD
LG